Roche Macedonia is rated 3 out of 5 in the category biotechnology. Read and write reviews about Roche Macedonia. Компанијата Рош е присутна во Република Северна Македонија од 1999 година, најпрво како претставништво, а од 2013 година како независна компанија, Рош Македонија ДООЕЛ Скопје со седиште во Скопје. Денес, компанијата Рош Македонија ДООЕЛ Скопје е една од водечките фармацевтски компании во нашата држава, настојувајќи да им обезбеди на пациентите пристап до иновативни терапевтски опции и персонализиран третман преку обезбедување на соодветни дијагностички процедури и лекови од областа на онкологијата, неврологијата, ревматологијата, ретки болести, вирусологијата и други. Како партнер на здравствениот систем, Рош во Република Северна Македонија се обидува да обезбеди најдобри иновативни решенија за дијагностика и третман преку партнерства и соработка со доктори, фармацевти и други здравствени работници, здравствени власти и установи, професионални здруженија и здруженија на пациенти. Покрај поддршката на здравствениот систем, кој е примарен фокус на компанијата, Рош во последните години покажа ново ниво на иницијатива и активност во деловната заедница во Република Северна Македонија. Како член на Асоцијацијата на иновативни производители на лекови Фарма Бренд Нова, Рош дава значаен придонес за подобро разбирање на важноста на оваа индустрија во подобрување на квалитетот на грижата за пациентите и општите стандарди за третман.
Address
St. Cyril and Methodius No. 7
Company size
11-50 employees
Headquarters
Skopje, Center